За заштита на македонските граѓани во Турција ќе преземе мерки МВР
Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков денеска изјави дека Министерството за внатрешни работи ја следи состојбата во Турција и е во постојан контакт со МНР и во координација со безбедносните сили.
Тој објасни дека ќе преземат мерки за безбедноста на македонските граѓани кои во моментот престојуваат во Турција. Будно ги следиме состојбите во Турција, кажа Чаков.
„Во текот на денешниот ден имаме координација со безбедносните служби и ќе произлезат одредени заклучоци во однос на превенирање или преземање на наши активности во однос на безбедност на нашите граѓани кои во моментот престојуваат во Турција. Ќе се координираме и во рамките на безбедносните сегменти во државата и со Министерството за надворешни работи. Во тек се таквите консултации и јавноста ќе биде информирана и запознаена за следните чекори“ - рече Чавков.Синоќа во Турција беше извршен обид за државен удар, а со цел симнување од власт на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Во земјата постои страв од можност за нов таков обид. Ердоган денеска испрати масовна СМС порака повикувајќи ги граѓаните да останат на улиците за поддршка на демократијата и мирот. Американскиот претседател, Барак Обама, германската канцеларка, Ангела Меркел, НАТО и ЕУ застанаа на страната на Ердоган.
