Економија, финансии, бизнис

Контакт

За ZARA нема “зима”

За ZARA нема “зима”
Сопственикот на продавниците Zara - Industria de Diseño Textil (Inditex) забележа повисока добивка и продажба од очекувањето за првите девет месеци од фискалната година. Покрај тоа, компанијата ужива забрзување на продажбата на облека во пресрет на Божиќ. Шпанската компанија за трговија на мало објави дека нето добивката и се зголемува до 1,69 милијарди евра помеѓу 1-ви февруари и 31-ви октомври. За споредба година порано тоа беше 1,69 милијарди евра. Продажбите на Inditex пак растат со 7 отсто до 12,71 милијарди евра. Резултатите ги надминуваат очекувањата на аналитичарите. Продажбата во првите пет недели од четвртиот квартал го зголемуваат темпото во споредба со остатокот од годината, а онлајн продажбата и оние во продавниците во локална валута се зголеми за 14% помеѓу 1-ви ноември и 8-ми декември. Аналитичарите ги поздравија најдобрите резултати. Француската банка Societe Generale ги опиша како "импресивни", а според Bernstein тие се "добар почеток" на божиќната сезона. И двете компании тврдат дека акциите на Inditex најверојатно ќе станат поскапи во одговор на добрите вести. Европските трговци на мало, вклучувајќи ја и британската Marks & Spencer, бележат забавување на продажбата на палта и други зимски алишта во октомври. Причината за ова е дека во текот на овој месец температурите беа повисоки од вообичаеното за овој период од годината. Аналитичарот на Bernstein Џејми Мерима ја нагласува способноста на шпанската компанија да реагира брзо на неповолните услови со кои се соочува, како мекото време. Во последниот квартал добивката на Inditex беше под притисок на слабеењето на валутите во некои од најголемите пазари надвор од Европа. Овој проблем веќе не е толку голем, иако валутите во некои големи пазари како Русија продолжи да опаѓа во однос на еврото во текот на периодот. Бруто маржите на Inditex се сведени на 58,9%, во споредба со 59,9% една година порано. Во првите девет месеци од фискалната година Inditex отвори 230 продавници, а вкупниот број на трговските објекти стана 6 570, распоредени во 88 држави на пет континенти. Во третиот квартал компанијата објави онлајн продавници на Zara во Мексико и Јужна Кореја, благодарение на кое веќе има онлајн продажба во 27 земји. К.К.
Слично

Поврзани вести