За време на поплавите Србија мораше да увезе струја за пет милиони евра
Увозот на струја во Србија за време на поплавите, според првите проценки, чинел околу пет милиони евра, вели вршителот на должност генерален директор на Електростопанство на Србија (ЕПС) Александар Обрадовиќ.
Тој нагласи дека заради елементарната непогода, во која беа исклучени голем дел од производните капацитети во земјата, ЕПС ќе изработи нов бизнис план и ќе се подготви за различни сценарија, но во ниту едно од нив нема да има рестрикции на снабдувањето со електрична енергија.
Термоелектраната „Никола Тесла А“ во Обреновац, еден од најголемите производствени капацитети, од денеска започна со работа откако 10 дена беше во прекин заради катастрофалните поплави во земјата.
Вкупниот инсталиран капацитет на оваа електрана е 1.650 мегавати, а од денеска работи само првиот блок сдо 150 мегавати. Оваа електрана има шест блока и произведува 30% од потребите за струја на Србија. Целата централа се бранеше со вонредни напори од надојдената вода во поплавите.
Слично
