За ВМРО-ДПМНЕ, Ванхауте е само турист
Владејачката партија ја прекинува соработката со белгискиот посредник во преговорите Питер Ванхауте.
„ВМРO-ДПМНЕ долго време го толерираше неговото несоодветно однесување, делумно и заради фактот што после секоја изречена навреда или омалуважување, Ван Хауте се извинуваше како маче. За жал веднаш по барањето да му биде простено, следеа нови испади и нови навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните." -стои во соопштението на партијата.
Од партијата наведуваат дека заради овие причини, Ванхауте за нив е само турист во земјава и веќе нема да учествуваат на состаноци со него.
Претходно пак, белгискиот олесувач во преговорите на твитер напиша дека изборите нема да се одржат во април.
Во меѓувреме се чека извештајот на САД и ЕУ за услови за избори на 24-ти април, кој треба да биде презентиран вечерва пред Влада.
ВМРО-ДПМНЕ пак, изјавија дека ќе одат на избори без разлика што ќе каже меѓународната заедница.
