За ВМРО-ДПМНЕ проектот „Визијата за Македониjа” е само празно ветување
Откако СДСМ го промовираше новиот проект „Визијата за Македонија”, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ одржа пре сконференција на која рече дека опозицијата промовирала празни ветувања.
„Многу ветува ништо не остварува, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ партија која ги исполнува своите ветувања, СДСМ не исполнува“, рече Милошоски
Тој вели дека на овој начин опозицискиот лидер Зоран Заев тргнал по стапките на неговиот претходник Бранко Црвенковски.
„Како и неговиот славен претходник, кој ветуваше по еден вработен од секое семејство, така и Зоран Заев чекори по истите политички стапки, ветувајќи се и сешто, и она што е остварливо, уште повеќе неоствраливо, и тоа што е реално и нереално, само и само да се дојде до власта и да се изманипулира еден гласач за глас повеќе. Тое е недоговорно политичко однесување кое СДСМ го има како своја традиција” -истакна Милошоски.
Милошоски верува дека раководството на СДСМ е исплашено од како што вели, големиот број проекти кои биле спроведени од актуелната Влада.
