Економија, финансии, бизнис

Контакт

За власта буџетот е развоен, за опозицијата е нереален: Колку пари се планирани за капитални инвестиции?

За власта буџетот е развоен, за опозицијата е нереален: Колку пари се планирани за капитални инвестиции?

Општата расправа за Предлог-буџетот за 2026 година заврши попладнево на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Пратениците три дена расправаа на оваа тема. 

Пратениците од власта велат дека предложениот буџет е реален и развоен со индикатори базирани на подобрување на економскиот раст и силна реализација на проектите и приходите.  Додаваат дека ќе се реализираат потреби и барања на граѓаните бидејќи се обезбедуваат повеќе средства за повисоки плати, пензии, нови училишта, градинки, развивање на инфраструктурата, дигитализацијата, капиталните инвестиции. Но, опозициските пратеници велат дека предложениот буџет е нереален, неразвоен. Велат и дека ќе се зголеми јавниот долг и дека се намалени капиталните инвестиции.

Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

Слично

Поврзани вести