За влакно избегната вистинска трагедија – министрите во посета на местото на несреќата
Министрите за транспорт и врски Миле Јанакиески и за здравство Никола Тодоров денеска го посетија местото каде што утрово се судрија воз и автобус на „Струмица експрес“, на патот Штип-Велес.
Од надлежните тие се информирале за досегашниот тек на истрагата, во која беа повредени 32 лица, од кои четири потешко. Според МВР сообраќајката е случила во 7,15 минути кога возот кој сообраќал на релацијата Кочани – Скопје на обезбедениот железнички премин во близина на селото Сарамзалино налетал на автобус полн со патници на Струмица експрес, кој патувал на релација Струмица-Скопје.
Шоферот на автобусот се обидел да ја помине пругата, иако била спуштена рампата која сигнализирала проаѓање на возот. Дел од патниците спиеле, кога возачот во паника викнал да внимаваат затоа што ќе ги удри воз. Од силниот удар, автобусот се превртел.
Според првиот човек на „МЖ-Транспорт“ Оливер Деркоски, за малку била избегната вистинска катастрофа.
„Прибраноста во овој случај на нашиот пресонал довело да се избегнат посериозни последици. Останува да видиме како органите кои водат постапката ќе ја завршат, ќе чекаме да го добиеме извшетајот па понатаму ќе видиме што ќе преземеме“, изјави Деркоски.
Јанакиески и Тодоров ги посетија и повредените патници кои се хоспитализирани во болниците во Велес и во Штип.
ФОТО: МИА

Слично