За влакно избегнат судир меѓу два возови
Попладнево бил избегнат директен судар на два возови од кои во едниот се превезувале бегалци, тврди машиновозачот Душко Чекаровски кој е претставик на вработените во железницата кои се во бојкот.
Возот број 914 полн со бегалци управуван од Латко Јовановски и помошникот Драган Д. Стојановски денска избегнале директен судир со возот број 933 кој стоел на станица Криволак.
Откако дошла комисијата машинскиот персонал е суспендиран, по што возот во 15.50 продолжил во правец на Табановце., вели Душко Чакараовски.
На oва реагираше посочениот Латко Јовановски, кој вели дека станиува збор за дезинформација.
„Не е точно. Возот беше дефект. Застанав затоа што е дефект. Го поправивме и возот продолжи. Имаше комисија и записник има направено. Таквите дезинформации ги пласира криминалецот Чакаровски, кој води синдикат кој е нерегистриран,вели Латко Јовановски, машиновозач во железицата.
Инаку веќе десет дена, дел од вработените во железницата се во бојкот. Имаат повеќе барања, меѓу кои и исплата на цела плата, надоцна до 25-ти во месецот, а не како сега платата да се исплажа на два пати и плус со задоцнување од неколку месеци. Дел од сообраќајот е во прекин, а на дел од релациите возат машиновазчите кои не се во бојкот.
