Економија, финансии, бизнис

Контакт

За „влакно“ е избегната тепачка во албанскиот Парламент

За „влакно“ е избегната тепачка во албанскиот Парламент

Спречена е тепачка во албанскиот Парламент. 

Седницата на која на дневен ред е Предлог-буџетот за 2022 година, беше прекината по дебата полна со обвинувања меѓу демократскиот пратеник Ервин Салијањи и социјалистот Ерион Браче. Таа можеше да премине во физичка пресметка ако не реагираше обезбедувањето.

Салиањи го обвини Браче дека е вмешан во криминал и дека се „појавил во прислушуваните разговори на Резарт Тачи извршено од италијанската антимафија“, што тој категорично го негираше.

Тој  го навреди нарекувајќи го кученце, по што Браче итно побара почитување на етиката и избегнување на навреди. По оваа расправа и моментот пред физичка пресметка реагираа припадниците на Националната града, кои се задолжени за безбедноста во законодавниот дом, по што седницата беше прекината.

Во 2018 година, пратеник го гаѓаше премиерот Еди Рама со јајца во Собранието. 

Слично

Поврзани вести