Економија, финансии, бизнис

Контакт

За владините реклами годишно се трошат по 20 милиони евра!

За владините реклами годишно се трошат по 20 милиони евра!

Пренесувајќи ги наодите во Извештајот на ЕК каде се анализираат и огласите во електронските медууми, дневниот весник Вест пренесува дека ма­ке­дон­ска­та влада е најголем огласувач, со годишен бу­џет за рекламирање од над 20 милиони евра.

Според из­веш­та­јот на експертскиот тим од Европската комисија,  кој од септември 2012 до април 2013-та, истражувал во земјите од Западен Бал­кан и во Турција, се посочува дека договорите за рекламирање им служат на политичките ин­те­ре­си, а овој начин на рекламирање треба да се стави под контрола на за­ко­но­дав­на­та власт. Во извештајот се опфатени се четири компоненти од медиумската сфера од земјите на Западен Балкан и Тур­ци­ја, и тоа регулаторните тела, јавниот сервис, ефективна саморегулација, ис­тра­жу­вач­ко­то новинарство. Експертите забележуваат и дека законските ограничувања не ги спречиле по­ли­ти­ча­ри­те да поседуваат медиуми, а сопствениците на медиумите да учес­тву­ва­ат во партиската политика. „Како последица, постојат медиумски војни и говор на омраза меѓу политичките кампови и двете најголеми етнички заедници", се посочува во Извештајот. Важен фокус во извештајот се посветува на воведувањето на са­мо­ре­гу­ла­тор­ни механизми во медиумите, со цел да се зголеми кредибилитетот на ме­ди­у­ми­те во очите на јавноста, пишува Вест.
Слично

Поврзани вести