Економија, финансии, бизнис

Контакт

За вишок уплатен данок државата плаќа 4 милијарди евра

За вишок уплатен данок државата плаќа 4 милијарди евра

Шведска се соочува со проблеми, затоа што граѓани во 2016 година намерно уплаќале повеќе данок. 

Иако враќањето на данок е пракса во многу земји, Шведска враќа огромни суми. 

Оваа држава крајот на 2016 година го дочекала со суфицит од 8.96 милиони евра. 

Половина од оваа сума е поради вишокот на плаќања на физички и правни лица кои на овој начин сакале да заработат. 

Поради системот во земјата, Швеѓаните можат да заработат со уплаќање на вишок на данок. 

Со негативни каматни стапки од -0.5%, парите во банка наместо да се зголемат, се намалуваат. 

Со зголемување на данокот кој треба да се плати, граѓаните и фирмите можат да добијат камата од 0.5%. Ова е мерка која треба да ги обесхрабри Швеѓаните да не уплаќаат повеќе од данокот кој треба да го платат. 

Слично

Поврзани вести