ЦРНА ГОРА: За вакцинираните ќе има гратис пијалок во кафулињата
Во Црна Гора за вакцинираните ќе има гратис пијалок во кафулињата.
Оние кои се вакцинирани, а имаат потврда за тоа, од денеска можат да добијат пијалок во одредени угостителски објекти. Претставникот на Угостителите на Црна Гора Никола Буздован изјави за Утринската програма на ТВЦГ дека со тоа сакаат да дадат свој придонес пред туристичката сезона.
„Побаравме поддршка од Министерството за здравство и економија, меѓутоа не ја добивме. Одлучивме сепак да продолжиме со тоа во нашите скромни можности“, рече Буздован.
Тој истакна дека целта на кампањата е да се поттикнат граѓаните да се вакцинираат, барем во угостителството и хотелиерството. Досега во Црна Гора од вирусот починаа 1.502 луѓе. Во земјата досега има 97,517 ковид случаи.
foto freepik
