Економија, финансии, бизнис

Контакт

За „Тврдина“ и „Титаник“: Екс министерката Јанкулоска на распит во СЈО

За „Тврдина“ и „Титаник“: Екс министерката Јанкулоска на распит во СЈО

Екс министерката  Гордана Јанкулоска попладнево се појави на распит во Специјалното јавно обвинителство.

Таа се сомничи во два случаи на СЈО „Тврдина“ и „Титаник“ и досега негираше вина пред судија на претходна постапка.

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1  – Скопје ја одби жалбата на СЈО на крајот на јули .

Имено, специјалните јавни обвинителки бараа да се одредат мерки на претпазливост за екс министерката Гордана Јанкулоска

Одбиената жалба значи дека  нема да и биде одземен пасошот и нема да има обврска секоја недела да се јавува во судот.

Во образложението на Кривичниот совет стои дека  жалбата на СЈО се одбива како неоснована, а решението на судија на претходна постапка се потврдува.

Екс министерката Јанкуловска се товари во случајот за незаконското уништување на опрема за прислушување познат како „Тврдина„ кој го отвори Специјалното обвинителство (СЈО).

Слично

Поврзани вести