На тројца демонстранти продолжен куќниот притвор за нови 30 дена
На тројца демонстранти приведени по протестите во Скопје, им е продолжен куќниот притвор за нови 30 дена.
Oд Кривичниот суд потврдуваат дека против тројца демонстранти, од кои двајца беа изведени пред судија на претходна постапка на 15 април, а еден на 19 април, Обвинителството поднело обвинителен предлог и предлог за продолжување на куќниот притвор. Засега не се знае кога тие ќе седнат на обвинителна клупа.
Вкупно пет лица, кои се во притвор, се осомничени за сторено кривично дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело.
Слично
