За Трифонов е глупост Бугарите да донираат пари за купување оружје за Украина
Слави Трифонов, претседател на бугарската партија „Има таков народ“ е против тоа да се донира за оружје за Украина.
„Идејата на Кирил Петков, кој е премиер, Бугарите да донираат пари за оружје за Украина е најмонструозната глупост што сум ја слушнал“, прокоментира на Фејсбук, Трифонов.
Тој е еден од коалиционите партнери во владата на Бугарија.
Петков повика граѓаните кои сакаат да помогнат на Украина да донираат пари. Украина упорно бара оружје од странските земји за да може да се спротивстави на руските напади. На 24 февруари, Русија ја почна инвазијата на Украина. САД и многу европски земји досега донираа оружје за Украина.
Слично
