Економија, финансии, бизнис

Контакт

За три месеци пола милион нелегални мигранти во Грција

За три месеци пола милион нелегални мигранти во Грција
Во последните три месеци од 2015 година скоро пола милион илегални мигранти дошле во Грција и оттука продолжиле во Европа, покажуваат податоците на Фронтекс. Фронтекс регистрирал 484.000 нелегални поминувања на границата меѓу Турција и Грција на источномедитеранската рута од октомври до декември и 466.000 на западнобалканската рута. Во последниот квартал на минатата година бројот на илегални преминувања на границите на ЕУ, изнесува 978.300 што е рекорден број откако Фронтекс собира податоци од 2007 година. Од оние кои доаѓаат во Грција, на островите 46% изјавиле дека се од Сирија, а 28% се од Авганистан, соопштува Фронтекс. Забележан е пад на пристигнувања во Италија од Либија, а пораст на приливот има во Шпанија од Мароко.
Слично

Поврзани вести