Економија, финансии, бизнис

Контакт

За три години – три илјади денари поскапа живеачка!

За три години – три илјади денари поскапа живеачка!
Во последниот месец од 2013-та година, за да преживее едно четиричлено семејство му биле потребни 32 215 денари. Во споредба со декември 2010-та година, кога започна да се мери и вредноста на синдикалната потрошувачка кошница, трошоците за зголемени за 3 016 денари. Така, пред три години, за да ги покрие месечните трошоци на едно семејство му биле потребни 29 199 денари. Во структурата на трошоците и натаму најголем дел зафаќаат храната и домувањето. Еве како се движеше растот на животните трошоци : - 2010 та година - 29 199 денари - 2011 та година - 30 348 денари - 2012 та година - 32 015 денари - 2013 та година - 32 215 денари Според последните, најнови анализи на ССМ, само за исхрана на месечно ниво се потребни 13 568 денари, за домување, односно за сметки и станарина - 10 264 денари, потоа за хигина нешто повеќе од 2 000 денари, а за превоз скоро 2 400 денари. Само за подмирување на комуналните трошоци, според структурата на синдикалната потрошувачка кошница, нa месечно ниво требаат 8 150 денари. Според статистички мерења, во 2013-та година во однос на 2012-та година трошоците на живот се зголемиле за 2,8%, при што трошоците за храна пораснале за 3,6%, за облека и обувки за 6,9% ,а за хигиена и здравје - 4,7%. Според проекциите на домашните институции годинава инфлацијата се очекува да се движи околу 3%.
Слично

Поврзани вести