За три дена над 700 повици на „Ало докторе“
На бесплатната телефонска линија за медицински совети 15123, наречена „Ало докторе“, за само три дена, од 15 до 18 септември имало 738 јавувања од граѓани кои побарале лекарски совет.
Како што соопшти Здравствен дом - Скопје, на дваесетина повици од цела Македонија, најчесто од Скопје, докторите-специјалисти оцениле дека повикот треба да го пренасочат кон службата за Итна медицинска помош.
Во текот на овие денови во период од 18 до 22 часот на телефонската линија „Ало докторе“ во кол центарот на Итна медицинска помош беа дежурни и директорите на неколку клиники.
Слично
