За „Транспортер“ СЈО бара притвор за 11 лица, се очекува распит
Кривичниот суд во Скопје треба да соопшти кога ќе ги повика на распит 11 лица осомничени во акцијата „Транспортер“ која ја објави Специјалното јавно обвинителство.
Специјалното јавно обвинителство во петокот достави барања за притвор на осомничените и барања за конфискација на 3 стана, 8 автомобили и 33 автобуси.
За градоначалникот на Битола, Владимир Талески не е побаран притвор, бидејќи тој беше помилуван од претседателот Ѓорѓе Иванов.
Осомничени за криминал со превозот на ученици се градоначалникот Талески, претседателот на Комисијата за јавни набавки во Битола, директори на основни и средни училишта, како и превозници кои ја потпишувале и наплаќале двојно повисоката цена за превозот.
Слично
