Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Тодоров „шарената револуција“ е револуција на богатите против народот

За Тодоров „шарената револуција“ е револуција на богатите против народот

Во синоќешната емисија на  „Јади Бурек“ гостуваше актуелниот министер за здравство Никола Тодоров.

Тој покрај политичката криза, зборуваше и за протестите на шарената револуција, која ја нарече револуција на богатите против народот.

„Ова е револуција на богатите против народот, имаш на еден мал простор луѓе што поделиле околу 6 милиони евра за период од две години и тие протестираат и бараат некој права. И од кој ги бараат тие права и зашто ги бараат тие права е друго прашање. Но клучно прашање е како тие луѓе 50,100,200, 500 успеале да поделат 6 милиони евра со некаква си цел да срушат Влада, да покренат некој прашања итн… Сега замислете од другата страна, да го ставиме ова во друг контекст, колку земјоделци колку време треба да работат за да земат 6 милиони евра, незнам некој се занимавал со производство на тутун, некој што работел во текстилна индустрија или доктори, адвокати, значи овде станува збор за  луѓе кој што по прилично добро заработуваат. Затоа ви велам ова личи како револуција на богатите против сопствениот народ“, рече Тодоров.

Штетата што тие ја причиниле според Тодоров , ќе мораат и да ја платат, откако ќе завршат соодветните постапки против нив:

„Ако некој прави инциденти со цел да предизвика насилство и преку тоа насилство да постигне некоја цел која е во спротивност со интересите на народот, дали е мудро да му се дозволи да ја постигне таа цел или да се најденачин да не се дозволи тоа. До овој момент точно гледаме фарбаат згради , блокираатт улици, тоа мислите дека го оправдува некој ?  Па јас мислам дека над 70% од граѓаните тоа не го оправудваат. На крај тоа ќе треба некој да го плати“, вели минисерот за здравство.

Го потсетуваме министерот дека „шарените револуционери“ бараат и протестираат за праведна држава и слободно општество каде Законите ќе бидат и ќе важат за сите подеднакво.

Слично

Поврзани вести