Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЗА ТАТКОВИНАТА СПРЕМНИ“...ИЗЛЕГУВАЈТЕ НАДВОР: Усташкиот поздрав предизвика невиден хаос во хрватското Собрание

„ЗА ТАТКОВИНАТА СПРЕМНИ“...ИЗЛЕГУВАЈТЕ НАДВОР: Усташкиот поздрав предизвика невиден хаос во хрватското Собрание

Предлогот на Владата за измена на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, во кој е вклучен и поздравот „За татковината спремни“, предизвика жестока дебата во Собранието.

Измените на тој закон со кои извикувањето на реченицата „За татковината спремни“, кој се смета и за усташки поздрав, значат дека тоа нема да се смета за кривично дело, туку за нарушување на јавниот ред и мир. Исто така, измените на законот предвидуваат и прекршочни казни.

Дел од јавноста, особено оние поврзани со војната во Хрватска, тој извик го сметаат за легитимен, а друг дел смета дека се работи за усташки поздрав за кој нема место во некоја европска земја.

- Ги спречувате хрватските ветерани да го дадат својот легитимен поздрав, повторувам – „Спремни за татковината“! – рече на собраниската говорница опозицискиот пратеник Миро Буљ.

- Слава на Украина ви одговара, а се откажавте од хрватските бранители - им возврати тој на колегите.

По неколку опомени, претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ му рече да излезе од собраниската сала.

ФОТО: YouTube/Print Screen

Слично

Поврзани вести