За табличка за автомобил дал 8 милиони евра
Индиски бизнисмен со седиште во Дубаи за регистарски таблички на автомобил на кои пишува Дубаи 5 платил 8 милиони евра.
„Сакам да собирам единствени таблици и горд сум на тоа што победив на аукцијата“ - вели Балвиндер Сахани.
Тој додава дека ако било потребно ќе плател и поголема сума на пари.
Овој бизнисмен кој е сопственик на меѓународна компанија за недвижнини, лани за регистарска табличка со број 9 платил 6 милиони евра.
Тој вели дека собирањето таблички му е пасија, а табличката со Дубаи 5 ќе ја стави на својот автомобил.
Управата за патишта и транспорт често организира аукција за милиониери кои се желни за публицитет.
На аукцијата вчера присуствуваа повеќе од 300 луѓе.
Слично
