Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Студентскиот пленум продолжувањето на притворот на Ефтимов е селективна правда

За Студентскиот пленум продолжувањето на притворот на Ефтимов е селективна правда

Од Студентскиот пленум реагираат на продолжувањето на притворот за дополнителни 30 дена, на нивниот член Борјан Ефтимов.

Велат дека ова не е ништо друго освен селективна правда. Додаваат дека аболирани криминалци се на слобода, а студенти се затвораат поради нивната слободна мисла и барање да се врати правдата во државата.

„Ако ова не е примена на селективна правда, не знам што е. Да се потсетиме дека се наближува и годишнината од протестите на 5 мај, кога лани, слични како и сега, беа апсени членови од Студентскиот пленум, кога полициските сили упаднаа во библиотека и нападнаа невини студенти. Доколку властите сметаат дека со вакви мерки ќе не заплашат, или ќе не уценат и протестите ќе стивнат, длабоко се лажат. Со вакви постапки, само го зголемуваат револтот кај народот, протестите стануваат се помасовни и се шират во се повеќе градови“- рече Орхан Сулејмани од пленумот.

Ефтимов, студент на Правниот факултет, синоќа на својот Фејсбук профил напиша дека, по кршењето на канцеларијата на претседателот, бил повикан на информативен разговор во полицијата, на кој отишол и соработувал со полицајците, но и покрај тоа, му е одреден притвор, кој вчера е продолжен. Вели дека, со денови сака да даде исказ и да признае дека учествувал во толпата, но дека Обвинителството го избегнува тоа, бидејќи во тој случај ќе мора да му се укине притворот.

Слично

Поврзани вести