За Студентскиот пленум изборите се ништовни
Неколку гласачки кутии се украдени и поради тоа изборите се ништовни, категорични се од Студентски пленум.
Тие повеќе од два часа стојат пред седиштето на Студентскиот парламент и бараат изборите да не се земаат впредвид. Паралелно побараа УКИМ и ректорот да ги поништат изборите.
„Ги повикуваме сите студенти и граѓани, доколку сметаат дека треба да дадат поддршка да дојдат тука, бидејќи ние остануваме додека не бидат поништени изборите. Половина од кутиите не се ни стигнати, а би требало според новиот правилник да стигнат до канцелариите на СПУКМ, што значи дека веќе се одолговлекува процесот“ - вели Деа Здравковска од Студентски пленум.
Денот помина турбулентно со тензии и нерегуларности, по што гласачки кутии беа украдени.
На некои од факултетите гласањето течеше без паравани, печати и избирачки списоци.
Претседателот на студентскиот парламент Кирил Спировски се пожали на притисоци.
Дел од партиите и политичарите се јавија со реакција и ги нарекоа изборите скандалозни.
