Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА СРБИЈА НЕМА ЗИМА, „НАКРЦКАНИ“ СЕ РЕЗЕРВИТЕ СО ГАС - еве што се пофали директорот Бајатовиќ, а кажа и за цената

ЗА СРБИЈА НЕМА ЗИМА, „НАКРЦКАНИ“ СЕ РЕЗЕРВИТЕ СО ГАС - еве што се пофали директорот Бајатовиќ, а кажа и за цената

Директорот на Србијагас, Душан Бајатовиќ вчера изјави дека Србија ги обезбедила практично сите потребни количини гас за претстојната грејна сезона. Според него, две третини се набавени по поволна цена според договорот со Русија, а остатокот е на пазарот.

„Досега во Унгарија се складирани 350 милиони кубни метри, а ние се уште складираме таму според постигнатиот договор, во српскиот дел од магацинот во Банатски двор имаме 270-280 милиони кубни метри, Русите ќе ги складираат нивните 280 милиони кубни метри до крајот на септември, така што имаме значителни залихи“, објаснува Бајатовиќ за ТВ Прва.

Тој нагласи дека Србија ја имаме најдобрата цена на гасот во Европа според формулата што ја договориле претседателите на Србија и Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин.

Тој рече дека според испораките и она што досега го обезбедиле, Србија веќе ги има количините на ниво на потрошените лани, така што не се очекуваат проблеми во снабдувањето со гас.

Бајатовиќ рече дека Србија никогаш не платила повеќе од цената од 900 долари за 1.000 кубни метри за количините гас што ги набавува на пазарот.

Тој нагласи дека ниту Србијагас ниту ЕПС нема да можат да набавуваат гас и струја без помош на српската влада и потсети дека цената што се плаќа на пазарот не се пренесува на крајните потрошувачи.

Тој потсети дека гасот од 1 август поскапува девет отсто за домаќинствата и 12 отсто за индустријата и нагласи дека овие цени се уште се под откупната цена на гасот.

Бајатовиќ рече дека цената на гасот нема да се зголеми до крајот на годината и дека државата ќе се труди да не ја зголемува цената што е можно повеќе.

Извор: Блиц бизнис.рс

Слично

Поврзани вести