За Србија нема криза-излезе од рецесија
Српската економија и формално излезе од рецесија, соопшти денеска српското министерство за финансии.
-Според Републичкиот завод за статистика, во првиот квартал од оваа година, индустриското производство почна да закрепнува и забележа раст од 5,2 проценти. Ова придонесе до умерен раст на БДП од 1,9 отсто. Производство во првиот квартал е речиси тројно зголемено во автомобилската индустрија, а висок раст беше постигнат во производството на нафта, хемиската, фармацевтската, тутун и текстилната индустрија, како и во производството на мебел,” се вели во соопштението, пренесуваат српските медиуми.
Министерството соопштува дека во првиот квартал од оваа година,српскиот извоз се зголеми за 22 отсто во споредба со истиот период минатата година, а во исто време, увозот речиси стагнирал, што доведе трговски дефицит да падне за една четвртина. Извозот во март достигнал “историски рекорд” во вредност од 857 милиони евра на месечна основа.
За растот на извозот најмногу придонеле извозот на автомобили и автомобилски компоненти, електрични машини и апарати, текстил, обоени метали и метални производи. Министерството соопштува дека, со цел натамошно закрепнување ќе биде усвоен и Планот за акција, со кој ќе бидат разработени оперативни мерки за стимулирање на економијата, извозот и вработувањето.
Слично
