За совесните возачи и до 50% поевтино осигурување на автомобилот
И до 50 отсто поевтина ќе биде полисата за осигурување на автомобилот ако тој не учествувал во сообраќајни незгоди или други прекршоци. За несовесните возачи пак, ќе важи истиот механизам но во спротивна насока, тие ќе плаќаат 50% поскапо, јави телевизијата Алфа.
Засега нема информации кога точно ќе стапат во сила новите правила, но иако законот овозможува ваква регулатива, оигурителните компании го немаат оформено заедничкиот регистар за собирање на податоци за возилата и незгодите направени со нив.
Според статистиките, вкупниот осигурителен бизнис во земјава зависи главно од задолжителната регистрација на автомобилите каде отпаѓаат 46% од вредноста на сите полиси. Уште 1% од колачот му припаѓаат на доброволното каско осигурување, анализира Алфа.
Од осигурителните компании забележуваат дека најголем проблем се нерегистрираните возила. Така, нивните пресметки покажале дека ги има над 80.000 , па нивните годишни загуби растат до 8 милиони евра.
Слично
