Економија, финансии, бизнис

Контакт

За СОНК повикот на Заев за заеднички фронт е невиден преседан

За СОНК повикот на Заев за заеднички фронт е невиден преседан

Невиден преседан е повикот на опозицискиот лидер Зоран Заев за формирање на заеднички фронт, сметаат од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК).

Во денешното соопштение до јавноста на оваа институција, велат дека  во изјавата на Заев се направени тешки повреди на неколку закони, а со повикот до наставниците и професорите да се вклучат во најавениот народен фронт, директно се крши со закон забранетото политичко делување на вработените во образованието во сите степени.

– Синдикатите од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и синдикати од Сојузот на синдикати на Македонија бараат претседателот на СДСМ веднаш да се извини за овој, упад во основите на демократското општество. Ваквиот преседан на Заев може да предизвика огромни социјални и економски последици и затоа лидерот на СДСМ мора да престане со секакво мешање во работата и делувањето на синдикатите во Република Македонија. За ваквото незаконско делување на лидерот на СДСМ ќе ги известиме сите синдикални организации на европско и светско ниво, во кои се членки синдикатите од Република Македонија, се наведува во соопштението од СОНК.

Оттаму го повикаа Заев да учествува на изборите на 5 јуни и да се обиде поддршката на граѓаните да ја добие по демократски пат.

Слично

Поврзани вести