Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Словенците Турција не е безбедна земја?

За Словенците Турција не е безбедна земја?

Владата на Словенија денеска усвои декрет за ажурирање на листата на безбедни земји, со што се додадени уште три држави, а отстранета е Турција.

Иницијативата Турција да се отстрани од листата е покрената минатата година, откако Словенија ги одби барањата за азил на 38 лица од Турција.

Таквиот потег следува откако шведски медиуми пред еден и пол месец објавија дека турската амбасада во Љубљана ги шпионира критичарите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кои живеат во Словенија и за кои постои сомнеж дека се приврзаници на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Претходната листа на безбедни земји е составена во 2016 година, а нејзиното постоење значи дека Словенија веќе нема да ги враќа мигрантите или да ги екстрадира осомничените во држави кои не се наоѓаат на таа листа.

На листата се наоѓаат Северна Македонија, Србија, Бангладеш, БиХ, Египет, Црна Гора, Мароко, Тунис и трите дополнителни држави Грузија, Непал и Сенегал, односно земји кои не се членки на ЕУ, а кои врз основа на неколку фактори се вбројуваат во безбедни земји.

Слично

Поврзани вести