Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Словачка нема криза-платите растат

За Словачка нема криза-платите растат
Просечната плата во Словачка достигна 867 евра и е повисока од мината година за 5,05%,  јавуваат статистичарите. Сепак, сеуште постои голема разлика во платите во различни региони во Словачка, како и во однос на тоа дали работниците се вработени во приватниот или државниот сектор. Оттука,  највисока плата имаат работниците во реонот на Братислава, главниот град на државата, и тоа 1186 евра. Најмалку се платени пак вработените во прешовскиот регион, односно 687 евра месечно е нивниот просек, пишуваат словачките медиуми. Просечната плата во компаниите, на крајот на вториот квартал изнесувала 910 евра, додека во јавниот сектор достигнува до 734 евра месечно.  
 
Слично

Поврзани вести