Економија, финансии, бизнис

Контакт

За сите кои сакаат да живеат во Париз, еве пресметка колкави се трошоците

За сите кои сакаат да живеат во Париз, еве пресметка колкави се трошоците

Париз е прогласен за најстресен град на светот за туристи, според истражување на компанијата „Дипндајв“, која анализира 51 најпосетен град во светот. Во рангирање што зело предвид фактори како временски услови, безбедност, оцени од туристи и густина на посетеност, Париз се најде на врвот поради исклучително големата концентрација на посетители на мал градски простор.

Според веб-страницата „Паризрентал“, месечните трошоци за живот на едно лице, без вклучена кирија, се движат од 1.064 до 1.314 евра. Киријата за еднособен стан во центарот на градот достигнува од 1.500 до 2.500 евра, а вкупните месечни трошоци лесно надминуваат сума од 3.000 евра.

Иако постои стереотип дека животот во Европа е поевтин, една Американка која се преселила од Њујорк за медиумите изјавила дека трошоците во Париз не ѝ биле ништо пониски.

„Платата ми беше една третина од тоа што го заработував во САД, но трошев речиси исто“, изјавила таа.

Минималната плата во Франција изнесува околу 1.500 евра месечно за работна недела од 35 часа, додека просечната годишна плата е околу 27.000 евра.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести