За што сведочеше Самка Ибраимовски во СЈО?
Дел од испитуваните политичари денеска во СЈО беше и првиот човек на партијата ПЦЕР.
Самка Ибраимовски, по завршениот распит за медиумите изјави дека разговорот се однесувал за изборните неправилности кои се случуваа во општината Шуто Оризари.
Конкретно, Ибраимовски посочи дека распитот бил за бомбите образложувајќи дека вистината за „ криминалните избори во Шуто Оризари ќе излезе на виделина“.
Еве ја неговата изјава:
„Дојдов да дадам исказ како граѓанин и политичар. Сметам дека ќе продолжат да се докажуваат тие криминални избори кои се случија во таа општина и драго ми е што, како што велат Србите „почело је почело“. Ќе се докажува криминалот во изборната единица број два, каде што носител беше поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во 2011 и 2014 година. На пат сме да докажеме многу криминали и тоа ќе се докаже наскоро. Во интерес на истрагата не можам да кажам се“, рече Ибраимовски.
