Економија, финансии, бизнис

Контакт

За што се грижел бизнисот пред само еден век?

За што се грижел бизнисот пред само еден век?
Временската капсула стара 1 век, целосна претежно со документи на бизнисмени, покажувајќи ја важноста на Њујорк како трговски центар, беше отворена во Историското друштво во градот. Работници со хируршки ракавици ги тргнаа 26те шрафа од бронзената декорирана кутија, затворена во 1914 година. Историчарот Ник Јаблон ја извади содржината - документи, брошури, весници, покажувајќи ги бизнис интересите од почетокот на минатиот век - трговија со чај, кафе, зачини и други стоки, безбол и борба со бикови. Бронзената кутија е оставена во Историското друштво од Бизнис асоцијацијата на Долен Волстрит, откако се прослави 300-годишнината од основањето на Новата холандска компанија - еден од првите трговски друштва во колонијата. Желбата на Здружението, која веќе не постои, била капсулата на времето да биде отворена во 1974 година. Ова сепак не е исполнето, бидејќи кутијата е заборавена. Потоа куратор ја открива во магацин на компанијата во Менхетен. Меѓу зачуваните документи во кутијата е и копија на писмото од 1774 година, напишано од колонијата, која сега е во Њујорк, до колонизирана од Британците во Бостон. Таа повикува колониите да се обединат. Има и телеграма од 23 мај 1914 година од тогашниот гувернер на Њујорк Мартин Глин, кој посакува се најдобро на Њујорк од 1974 година. Весникот "Њујорк тајмс" од истиот ден пишува за банкар, прогласен за виновен за убиство. Во рамките на програмата за стажанти на Историското друштво за средношколци направија нова временска капсула која ќе биде отворена во 2114 година. Во неа има билети за концерт на Лејди Гага, дезинфекционо средство за раце и хартиена чаша за кафе, како и постер од њујоршкото метро за промени во сервисирањето. K.K.
Слично

Поврзани вести