Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ШТО РАЗГОВАРАА: Даниелсон се сретна со лидерите од албанските партии

ЗА ШТО РАЗГОВАРАА: Даниелсон се сретна со лидерите од албанските партии

Али Ахмети и Мендух Тачи беа двајцата лидери од албанските партии со кои генералниот директор на Директоратот за проширување во ЕК, Кристијан Даниелсон оствари средби.

На средбите Тачи побарал заживување на дијалогот со посредство на странците, додека Ахмети ветил целосно посветување на реформите кои  произлегуваат како обврска од страна на нашите Евро-атлантски партнери .

Тачи оценил дека единствен излез од оваа ситуација е продолжение на вистински политички дијалог со посредство на меѓународниот фактор, кој бара нов пристап и силна политичка волја од сите страни, додека пак од ДУИ велат дека ќе се ангажираат со потполно уверување за реформската агенда во согласност со Евро-атлантските аспирации и очекувањата на нашите пријатели во Брисел и Вашингтон.

Даниелсон пак го истакнал оценувањето од страна на Брисел за придонесот на Ахмети и Тачи во овие тешки времиња со сериозна политичка криза.

Слично

Поврзани вести