Економија, финансии, бизнис

Контакт

За што ќе потроши 44 милијарди долари Сауди Арамко?

За што ќе потроши 44 милијарди долари Сауди Арамко?

Сауди Арамко, една од најголемите нафтени компании во светот, најави дека ќе изгради мега проект во Индија вреден неверојатни 44 милијарди долари со што ќе се гарантира огромно производсто и рафинирање на нафта во наредните години. Сауди Арамко во овој огромен потфат оди како државна фирма на Саудиска Арабија.

– Рафинеријата, која се наоѓа 350 километри јужно од главниот град Мумбај, ќе чини 44 милијарди долари, а капацитетот ќе изнесува 1,2 милиона барели сирова нафта дневно, соопшти Арамко.

Во соопштението се додава дека проектот е еден од најголемите светски проекти во областа на нафтената и петрохемиската обработка.

– „Сауди Арамко“ ќе има половина од учеството во проектот, додека другите компании во конзорциумот ќе го имаат остатокот, рече индискиот министер за енергетика Дармендра Прадхан.

Од кампанијата соопштуваат дека постои можност за вклучување  стратешки партнер со кого ќе го споделат својот дел во проектот.

Договорот доаѓа по помалку од 24 часа откако „Сауди Арамко“ потпиша договор со француската компанија „Тотал“ за изградба на огромен петрохемиски комплекс во Саудиска Арабија вреден околу пет милијарди долари.

Се очекува проектот да генерира околу 8.000 нови работни места.


Слично

Поврзани вести