Економија, финансии, бизнис

Контакт

За шест месеци ,,Тетекс” оствари добивка од над 4 милиони денари

За шест месеци ,,Тетекс” оствари добивка од над 4 милиони денари

Во периодот од јануари до крајот на јуни оваа година, компанијата ,,Тетекс” од Тетово остварила вкупна сеопфатна добивка од 4 210 000 денари. Ова го покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех, објавен на Македонската берза.

Во овој период лани, компанијата бележеше зауба од  56 237 000 денари.

Од компанијата велат дека зголемената добивка се должи на намалувањето на оперативните расходи за 29 отсто и остварената добивка кај придружното друштво ТТК банка.

Вкупните приходи на Тетекс за првото полугодие изнесуваат 112 954 000 денари.

Слично

Поврзани вести