За шест месеци граѓаните потрошиле 1,3 милијарди евра преку картички
Во првата поливина од годината, граѓаните потрошиле 1,3 милијарди евра преку платежни картички, покажуваат податоците на Народна банка. Оваа година тие потрошиле 12,3 отсто повеќе од лани.
Најголем дел или 74,5% од граѓаните подигнувале пари во кеш од банкомат. Само 314 милиони евра од вкупната сума, биле потрошени употребувајќи платежна картичка на ПОС терминал во некоја продавница или за електронско купување преку компјутер.
Оваа година, заклучно со јуни во Македонија има во промет 1.622.600 картички, од кои нјаголем дел се дебитни.
Слично
