За шест месеци поскапа струја за 140 фирми?
Втората фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија почнува следната година, дознава Фактор од извори од Регулаторната комисија за енергетика.
Од 01 април следната година околу 140 фирми во земјава со над 50 вработени и вкупен годишен приход не поголем од 10 милиони евра сами ќе купуваат струја по пазарни цени. Со ова започнува втората фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија во Македонија. Според информации на Фактор од Регулаторната комисија за енергетика изготвен е Акционен план кој ќе го трасира патот на либерализацијата на пазарот, како за помалите фирми, така и за домаќинствата.
Како датум за отпочнување на либерализацијата на пазарот на електрична енергија за сите потрошувачи на овој енергенс, вклучувајќи ги и домаќинствата е зацртан 01 јануари 2015 година.
“Регулаторната комисија за енергетика најдоцна до 15 ноември 2013 година треба да издаде лиценци за вршење на енергетската дејност снабдување во краен случај со електрична енергија на ЕВН Македонија АД Скопје и на АД ЕЛЕМ – Скопје, подружница Енергетика (за територијата на поранешна Железара). Комисијата најдоцна до 30 ноември 2013 година треба и да го донесе Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи“, стои во Акциониот план за либерализација на пазарот за електрична енергија на Македонија, до кој дојде Фактор.
Се прекршија препораките од Европската енергетска заедница?!
Според првичните најави повеќе од 140 индустриски потрошувачи од 01 јануари 2012 година требаше да се стекнуваат со статусот квалификуван потрошувач, што значи дека ќе можеа да набавуваат електрична енергија преку слободен пазар и да бидат член на балансна група на потрошувачи преку која ќе биде решен проблемот на балансирање на нивната потрошувачка. На барање на компаниите, примената на пазарните правила се одложи неколку пати (01 јануари годинава, за подоцна да се одложи на 1 јули 2013 година).
Поголемата либерализација на пазарот на електрична енергија ќе значи и балансирање на потрошувачката на струја на часовно ниво, наместо како досега на месечно ниво. Од Владата неодамна најавија и дека можно е да се интервенира во пенализирањето на компаниите во случај да отстапат од најавената и потрошена струја во текот на денот.
Но, со одложувањето на новите пазарни правила за електрична енергија, Македонија ги прекршува и препораките на Европската енергетска заедница според кои пазарот на електрична енергија мора да се либерализира - за малите компании до 2012 година, а за домаќинствата до 2015 година. Големите компании веќе купуваат струја на меѓународниот пазар.
Либерализацијата ќе ги зголеми трошоците на компаниите за најмалку 15%
Според експертите, излегувањето на компаниите на слободен пазар ќе значи и крај на практиката цената на струјата да биде социјална категорија. Дел од компаниите кои доминантно работат на струја стравуваат дека тоа ќе ја загрози одржливоста на бизнисот. Додаваат дека во време на намалена ликвидност, слаба конкурентност, намалени нарачки од странство, зголемувањето на цената на струјата драстично ќе им го поскапи работењето. Велат дека ако купуваат струја на слободниот пазар, ќе им се зголемат трошоците за најмалку 15%. Тоа автоматски го загрозува проектираниот економски раст од 2% за 2013 година.
Дека либерализацијата на пазарот на електрична енергија и за малите фирми ќе биде сериозен удар неодамна потврди и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.
“Можно е определени измени во делот на либерализација на пазарот на електрична енергија да доведат до зголемување на цената на струјата, пред сè за претпријатијата. Либерализацијата на регионалниот енергетски пазар, обврска што Македонија ја презеде со стапувањето во енергетската заедница, во определени сегменти ќе донесе придобивки, како што е привлекувањето повеќе странски инвестиции во оваа област. Но, тоа значи и дерегулација на цената, односно наредните години може да се очекува притисок за зголемување на цената на струјата“, неодамна изјави Пешевски.
Пресметките на Стопанската комора покажуваат дека струјата има најголемо учество во цената на производот во прехранбената индустрија (10%). Во металната индустрија и во електроиндустријата има учество од 3%, а во текстилната, дрвната и во индустријата за хартија од 2%.
К.П

Слично