Економија, финансии, бизнис

Контакт

За секој освоен глас на избори, политичките партии ќе си наплатат по 15 денари

За секој освоен глас на избори, политичките партии ќе си наплатат по 15 денари
Одлуките за надомест на трошоците на партиите за последните парламентарни и претседателски избори ќе се најдат на дневен ред во Собранието на седницата закажана за 10 јули. Според предлогот, за секој освоен глас на изборите, партиите ќе инкасираат по 15 денари. На истата седница на дневен ред се и предлог-измените во Законот за пратеници со кои се воведува скалесто користење на можноста на апанажа во зависност од тоа колку долго пратеникот бил на функција. Согласно предлогот, доставен од пратениците Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ и Талат Џафери од ДУИ, пратеник во Собранието на Република Македонија има право на апанажа во траење од: - три месеци, ако мандатот на пратеникот траел до шест месеци; - шест месеци, ако мандатот на пратеникот траел од шест месеци и еден ден до 12 месеци, - девет месеци, ако мандатот на пратеникот траел од 12 месеци и еден ден до 24 месеци и - 12 месеци, ако мандатот на пратеникот траел 24 месеци и еден ден и повеќе. Според предлагачите, на овој начин пратениците во правото на апанажа ќе се изедначат со другите избрани и именувани функционери. Досега правото на пратениците на апанажа беше една година, без разлика колку време поминале на пратеничката функција. Собранискиот спикер Трајко Вељаноски најави дека во текот на јули и август на дневен ред нема да ја става верификацијата на оставките на пратениците од СДСМ, бидејќи остава простор за дијалог. Без разлика дали ги повлекле оставките или не, пратениците од опозицијата во моментот земаат цела плата од Собранието, која во просек изнесува околу 65.000 денари. Со оглед на тоа што оставките нема да им бидат констатирани ниту овие месеци, тие и за нив ќе добијат цела плата.  
Слично

Поврзани вести