УВОЗ НА ХРАНА: Се одлеваат од Македонија над 500 МИЛИОНИ ЕВРА годишно!
Во Македонија годинава за седум месеци се потрошени 291 милиони евра за увоз на храна, покажуваат последните податоци на Народната Банка. Споредено со истиот период од минатата година, нема голема промена, односно лани биле потрошени 294 милиони евра за увоз на храна.
Според официјалните податоци, секој месец во земјава во просек се увезува храна вредна 41 милиони евра.
„При тоа, во јануари бил направен увоз на храна за сума од 38 милиони евра, во февруари за 37 милиони евра, за март за сума од 44 милиони евра, април за 45 милиони евра, мај е увезена храна вредна 40 милииони евра, јуни е напарен увоз на храна од 39 милиони евра и во јули е увезена храна за сума од 48 милиони евра, “, стои во податоците на НБРМ.
Секоја година Македонија троши се повеќе пари за увоз на производи за храна. За седум години потрошени се повеќе од 3 милијарди евра за увоз на храна во земјава. Најмал увоз е направен во 2009 година кога е увезена храна за сума од 401 милиони евра, по што во сите следни години се заблежува нагоред тренд, особено во 2012 година кога е направен најголемиот увоз на храна кој изнесува 530 милиони евра. По ова, лани има мал пад споредено со 2012 година.
Ако се спореди 2008 година со 2013 година, се забележува дека увозот за овој период се зголемил за 90 милиони евра.
Увоз на производи за храна по години
· 2008 година 424 милиони евра
· 2009 година 401 милиони евра
· 2010 година 421 милиони евра
· 2011 година 483 милиони евра
· 2012 година 530 милиони евра
· 2013 година 513 милиони евра
· 2014 година 291 милиони евра (за седум месеци)
Македонија извезува речиси двојно помалку производи за храна од она што го увезува. Односно, во истовреме, додека расте увозот на храна во земјава, се зголемува со помал интензите и нема драстични промени од година во година. Односно, во периодот од 2008 година до 2013 година има зголемување за 65 милиони евра.
Извоз на производи за храна по години
· 2008 година 210 милиони евра
· 2009 година 202 милиони евра
· 2010 година 249 милиони евра
· 2011 година 267 милиони евра
· 2012 година 264 милиони евра
· 2013 година 275 милиони евра
Повеќе од 300 милиони евра за увоз на пијалоци и тутун за седум години
Годинава за седум месеци Македонија направила увоз на пијалоци и тутун вредни 30 милиони евра. Или во просек секој месец се увезуваат пијалоци и тутун вредни 4, 2 милиони евра.
„Минатата година, за увоз на пијалоци и тутутн биле потрошени 59 милиони евра, во 2012 година – 58 милиони евра, во 2011 година – 49 милиони евра, во 2010 година – 44 илиони евра, во 2009 година 37 милиони евраа, а во 2008 година биле увзезени пијалоци и тутун за сума од 35 милиони евра. “
Во перидот од јануари до јули годинава од земјава биле извезени пијалоци и тутун за сума од 102 милиони евра. При тоа споредено со истиот период од минатата година се забележува намалување на извозот. Односно лани во периодот од јануари до јули биле извезени 125 милиони евра пијалоци и тутун.
„Лани биле извезени пијалоци и тутун за вкупна сума од 203 милиони евра, во 2012 година – 185 милиони евра, во 2011 година -170 милиони евра, во 2010 година - 153 милиони евра, во 2009 година – 141 милиони евра и во 2008 година биле извезени пијалоци и тутун за сума од 149 милиони евра.“
Н.С.
Слично
