За седум дена евидентирани над илјада сообраќајни прекршоци во Скопје
Од започнувањето на кампањата ”Почитувај ги правилата, почитувај го животот“ на 12 овој месец до завчера евидентирани се 1030 сообраќајни прекршоци на подрачјето на СВР Скопје, информираат од МВР.
Притоа меѓу другото - 47 возачи не го користеле сигурносниот појас за време на управувањето; 54 возачи за време на управувањето користеле мобилен телефон; 202 возачи возилата ги управувале со брзина поголема од пропишаната, 66 возачи управувале со возило под дејство на алкохол; 41 лица управувале со возило без возачка дозвола; 114 возачи управувале со возило по истек на важност на дозволата (или нерегистрирани); 15 возач на мотоцикл, велосипед со мотор и мопед за време на управувањето на ја носеле заштитната кацига; а 29 пешаци кои поминале надор од обележан пешачкиот премени или на недозволен начин го поминале коловозот.
Ова денес го истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска а по повод одбележувањето на Европската недела на мобилност во сообраќајот што го организираше Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Нагласувајќи уште еднаш дека превентивното делување во насока на постојано зголемување на јавната свет и поголемата безбедност во сообраќајот остануваат едни од клучните приоритети на полицијата, Јанкулоска посочи дека од почетокот на годинава до септември на подрачјето на Скопје се случиле 2376 (2685) сообраќајни несреќи што е намалување од 11,5 % во споредба со истиот период лани.
Инаку денешната манифестација по повод одбележувањето на Европската недела на мобилност во сообраќајот, а наедно и како дел од генералната кампања на Владата на Република Македонија “Почитувај ги правилата почитувај го животот“, имаше за цел да ги афирмира алтенативните и еколошки начини на сообраќај (користење велосипеди, градски превоз и слично) а во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот.
