Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Савески и Куновски од „Левица“ е укинат куќниот притвор

За Савески и Куновски од „Левица“ е укинат куќниот притвор

На демонстрантите Здравко Савески и Владимир Куновски од „Левица“ им е укинат куќниот притвор по барање на одбраната на денешното судско рочиште во Основниот суд 1 во Скопје.

Судот одлучи на двајцата демонстранти да им бидат одземени пасошите.  Двајцата имаат обврска за јавување во одреден временски период во судот.  Обвинителката Снежана Бундалеска побара и мерка за ограничување на движење, затоа што има најава за протести, но тоа беше одбиено.

Демонстрантите се обвинети дека ја демолирале народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов, во текот на протестите против одлуката за помилување на 56 политичари.

Адвокатите денеска приложија имотен лист од Народната канцеларија со денешен датум, според кој овој простор не е соственост на Република Македонија и не може државата да бара оштета за демолирањето.

Главната расправа ќе биде на 6 јули.

Граѓани и активисти денеска се собраа пред судот, непосредно пред почетокот на судењето за да им дадат поддршка на демонстрантите и да побараат нивно ослободување.

Слично

Поврзани вести