За санирање на обиколницата ќе бидат потрошени шест милиони евра
За санирање на штетите на обиколницата по поплавите, ќе бидат потрошени шест милиони евра.
Шест милиони евра ќе бидат вложени за обнова на обиколницата која е оштетена при поплавите на 6 август.
Работите ќе почнат за еден до два месеци. За инфраструктурата во населените места погодени од поплавата ќе бидат инвестирани шест милиони евра.
Вкупно ќе се асфалтираат 56 улици од кои три се веќе асфалтирани, на 11 се врши подготовка, а на останатите ќе се почне со работа во наредните денови.
„Овие денови се почнува со крупна реконструкција и обвнова. Она што е интересно за ова населено место, а верувам така ќе биде и во другите во оваа акција, освен што се асфалтираат оние што и претходно биле асфалтирани, ќе се асфалтираат и огромен број улици кои никогаш претходно не биле асфалтирани. Така што ќе се овозможи поквалитетен живот на граѓаните“ - рече лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски.
За обнова на инфраструктурата во општина Гази Баба се планира во наредните три до четири месеци, зависно од временски услови да се инвестираат шест милиони евра.
