ЗА САМО НЕКОЛКУ МИНУТИ: Швајцарскиот франак зајакна за 29 одсто во однос на еврото
Швајцарскиот франак денеска зајакна 29 одсто во однос на еврото, откако централната банка на Швајцарија соопшти дека се откажува од тригодипните напори вредноста на франакот вештачки да го одржи на ниско ниво. Тоа посебно ќе влијае на оние кои земале кредити во Швајцарија.
Само неколку минути по соопштението на банката дека ја укинува границата која го спречува еврото да падне под 1,20 франци, швајцарската валута зајакнала на 0,8517 за еврото, пренесува агенцијата Франс прес.
Националната банка на Швајцарија соопштила дека мерката која ја вовела во септември 2011 со цел да ја заштити швајцарската економија од сериозни ризици поради европската должничка криза повеќе не е оправдана. Силниот франак посебно е проблематичен за швајцарските извозници, кои морале драстично да ги намалат цените за да останат конкурентни.
Банката исто така порачала дека ќе ја намали просечната каматна стапка на минус 0,75 од минус 0,25 одсто.
Акциите на швајцарксите берзи потонале за 6,66 одсто после веста дека курсот на франакот повеќе не е врзан за еврото.
