За само еден час вредноста на биткоинот се намали за повеќе од 3.000 долари
За само еден час биткоинот изгуби 5 отсто од својата вредност.
По утринскиот скок на берзата на криптовалути, кога биткоинот вредеше дури 58.500 долари, вредноста на оваа криптовалута падна за само еден час за повеќе од 3.000 долари. Цената на биткоинот во 15 часот беше 54.950 долари, што е пад од 5 проценти за нешто повеќе од 60 минути. Во моментов, со најпознатата криптовалута се тргува по цена од 57.482 долари, според „КоинМаркетКап“.
Слично
