Економија, финансии, бизнис

Контакт

За реконструкција на три локални патишта во Дојранско 30 милиони денари: еве што најави Бочварски

За реконструкција на три локални патишта во Дојранско 30 милиони денари: еве што најави Бочварски

Парите се обезбедени од централната власт, а министерот Бочварски најави подигнување на туристичкиот потенцијал во дојранскиот регион.

Безмалку 30 милиони денари ќе бидат вложени за да се подобри патната мрежа во Дојран, односно ќе се реконструираат три локални патишта .

Во изјава за медиумите, министерот го најави градежниот развој во тој регион а како приоритетни ги издвои населените места Црничани, Николиќ и Фурка. 

-Речиси 26 милиони денари обезбедивме за реконструкција на овие 3 локални патишта, а бидејќи постапката за избор на изведувач е завршена, изведувачот е спремен со механизација да започне со градежни активности во секој момент“, кажа Бочварски по средбата со градоначалникот на Дојран Анго Ангов.


Слично

Поврзани вести