За развој на туризмот требаат нови модерни сместувања и хотели
Нови сместувачки капацитети, модерни хотели, подобра инфраструктура и реконструирани патишта ќе допринесат за поголем развој на туризмот е мислењето на првиот човек на ХОТАМ Крсте Блажевски.
„Македонија има потреба од зголемен број на легла и вистински модерни хотели, а не стандардни одморалишта или стамбени згради“, вели Блажевски кој годинашнава бројка на ноќевања од 750 000 ја оцени како добра.
Тој информира дека е најавена изградба на нови туристички зони во Охрид и Струга, а била спомената и Радожда.
„Тие зони би опфатиле плацеви за градба на хотели, шопинг центри и други пропратни објекти што треба да ги има една туристичка дестинација и од понудата што ќе ни ја дадат тие очекуваме позитивни резултати.
Македонија често е на мапата на туристите затоа туризмот како растечка гранка треба да се унапредува и во него да се инвестира.
