За ПЦЕР спомениците се компензација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ
Партијата за целосна еманципација на Ромите сака да укаже на власта односно коалиционите партии ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, дека ова што го направија е толку прозирна работа.
„Секој еден би заклучил дека ова е компензација за барањето на ДУИ за одложување на избори, е впрочем барање на ВМРО ДПМНЕ што го исполни ДУИ, а за возврат еве се виде денес со поставувањето на спомениците, ова ми личи на држава со безаконие самоволие и се однесуваат како да е ова приватна држава, на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, затоа ви порачуваме од власта дека ова можеше да се направи транспарентно, и со знаење на Општината Центар и градоначалникот Жерновски, но ваквото самоволие можете да го правите дома, ова е држава на народот“ - велат од ПЦЕР.
Партијата укажува дека нема против на културните дејци на албаскиот народ, туку начинот на кој ова се прави, за нив ова е самоволие и ништо друго.
