Економија, финансии, бизнис

Контакт

За првпат имале помалку невработени отколку слободни работни места

За првпат имале помалку невработени отколку слободни работни места

Велика Британија e со најниска стапка на невработеност од 1974 година. 

Во првото тримесечје стапката на невработеност се намали на 3,7 отсто, што е најниско ниво од последниот квартал од 1974 година.

Сепак, платите и понатаму заостануваат зад високата инфлација, покажуваат официјалните податоци кои ги објави Канцеларијата за национална статистика (ОНС).

Првпат имало помалку невработени лица отколку слободни работни места, иако намалувањето на стапката е поттикнат и од зголемувањето на бројот на луѓе кои го напуштаат пазарот на трудот. Според ОНС редовните плати, без бонусите, во март се намалиле за 2,9 проценти, а инфлацијата беше на највисоко ниво од ноември 2011 година. Целиот континент се соочува со инфлација. Погодени се и моќните економии на Германија и Франција. Имаат инфлација каква немале долги години. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести