За прв пат поставен висечки „спортски“ семафор во Македонија
Големата сала во СЦ „Борис Трајковски“ од денеска со нов изглед. За првпат во Македонија една спортска сала добива модернизиран висечки семафор по светски стандари за сите спортови. Семафорот е поставен на централна најсилна точка во големата спортска сала. Во меѓувреме се тестира и се инсталира и софтверот на семафорот за резултати.
„Позитивно решивме еден голем проблем. Многу сум задоволен што успеавме да ја направиме оваа инвестиција, да направиме нешто убаво за салата и да приднесеме уживањето на гледачите да биде комплетно додека ги следат спортски и културните настани во СЦ „Борис Трајковски“.Продолжуваме и понатаму со инвестиции и со усовршување на можностите на објектот за да ги имплементираме сите стандарди што ги имаат најубавите сали во Европа. Оваа инвестиција нема да биде само за задоволство на гледачите, туку ќе приднесе и за олеснување на патот на федерациите за добивање на организации на европски и светски натпреварувања“, изјави директорот на салата Александар Петровски – Сајкал.
